Ермал Мета и Фабрицио Моро победија на Сан Ремо 2018

11.02.2018 | 05:52
Прочитано: 1762

Со финалето на 68-то издание на фестивалот Сан Ремо заврши најстариот европски музички фестивал. Од 6 до 10 февруари во салата Аристон настапија познати изведувачки имиња во пет вечери. Традиционално, првата вечер се отвори со осумте дебитантите кои во ноември биле одбрани за настап на Сан Ремо. Победник во категоријата дебитанти годинава, беше пејачот Ултимо.

Фестивалот годинава го водеа Мишел Ханцингер, поранешната сопруга на Ерос Рамацоти и актерот Пјерфранческо Фавионо. Годинава, фестивалот се одвиваше под диригентската палка на 20 најпознати диригенти, а директно се пренесуваа сите пет вечери во живо. Џејмс Тејлор и Стинг годинава настапија како специјални гости, а Стинг настапи во дует со раперот Шеги и соло пееше и на италијански. Гласањето се одвиваше по утврдениот начин, преку телевоутинг и смс пораки, жири комисија и публика. Беа доделени награди за најдобра интерпретација, настап, текст, музика и аранжман.

Годинава тројцата финалисти беа пејачката Аналиса, која се пласираше на третото место, втори беа момците од групата „Социјален статус“, а дуото Ермал Мета и Фабрицио Моро се годинешните победници кои во мај ќе ја претставуваат Италија на Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија со песната „Не ми направивте ништо“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.