Ескалираше во ССМ: Дел од синдикалците завршија во болница со повреди

10.01.2017 | 19:50
Прочитано: 18247
Вистинска драма во кругот  на ССМ. Претсeдателот на АГРО синдикатот, Живко Даневски и советникот  Лазе Ѓорѓиески, попладнево биле физички нападнати во ресторанот Национал. Според нив, Живко Митревски влегол во ресторанот со две лица кои тие не ги познаваат, а по неколку минути биле нападнати од истите.
 
„Во ресторанот во ходникот не нападна еден, почна да ме турка да ме удира и ме истуркаа со закани „Ќе те уништам“ - вели Живко Даневски, претседател на АГРО.
 
„Стоевме на двор и од страната влезе Митревски со двајца крупни момци и влегоа внатре и на влегување, не нападнаа вели Лазе Ѓорѓиески, советник во ССМ.
Во врска со нападот Митревски ни одговори: 
 
„Навистина треба да се престане со вакви манипулации и дезинформации“
 
Синдикалците велат дека ова е уште еден обид за заплашување од страна на Митревски. Стравуваат за своите животи и ќе бараат дополнително обезбедување.
 
„Пријавивме во полиција и очекувавме да дојде мене ми е загрозена ми е безбедноста“ - вели Живко Даневски – претседател на АГРО.
 
„нека му ја мислат тие што ќе прават“ - вели Лазе Ѓорѓиески – советник во ССМ.
 
Од МВР не добивме информации за случајот. Синдикалците беа физички нападнати и на божиќното утро. Претходно, новинарските екипи беа брутално исфрлени од зградата на ССМ од страна на приватно обезбедување на разрешениот Митревски.
 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.