ЕУ потпишува одбранбен пакет

13.11.2017 | 11:16
Прочитано: 752

Франција, Германија и 20 други членки на Европската унија ќе потпишат во Брисел одбранбен пакет за кој се надеваат дека ќе сигнализира почеток на нова ера во воената интеграција на Европа.

Државите членки на ЕУ се надеваат дека одбранбениот пакет ќе ја намали зависноста на Европа од САД и ќе и даде на Унијата кохерентна улога во соочување со меѓународните кризи.

Ова е прв обид да се направи одбранбен пакет на ЕУ од педесеттите години, а би требало да го потпишат министри за надворешни работи и министри за одбрана на ЕУ. Ваков договор долго блокираше Британија која е против формирање војска на ЕУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.