Европски и бугарски представници го поздравуваат договорот Скопје- Софија

16.01.2018 | 17:38
Прочитано: 1306

Еврокомесарот Јоханес Хан но и европратеникот Едвард Кукан со позитивни оценки за ратификацијата на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија . На својот Твитер еврокомесарот Хан напиша дека:

„Договорот е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот исто така е пресвртница на добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан.“

Европратеникот Едвард Кукан кој е дел од европратеничката тројка, заедно со Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, кои беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино во 2015 година исто така на својот твитер напиша:24

„Добри вести од македонското Собрание каде е ратификуван Договорот за пријателство со Бугарија. Позитивен чекор напред, кој се надевам дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка.

И Бугарскиот претседател Румен Радев во дописот од својот кабинмет до јавноста го поздравува овој чекор на македонското собрание наведувајќи:

„Договорот, кој е резултат на долгогодишните напори на дипломати и државници, отвора нова европска страница во односите помеѓу двете земји. Ратификацијата на документот се случува во момент кога Бугарија претседава со Советот на ЕУ. Тоа има огромно значење за бугарско-македонските односи и дава силен сигнал за позитивниот развој на Балканот, што го приближува регионот кон Европа.“

Вчера ратификацијата ја поздрави и Бугарското МНР а премиерот Зоран Заев пак и телефонски се слушнал со неговиот бугарски колега Борисов. Во разговорот и двајцата констатирале дека договорот гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу двете земји.

Ратификацијата на договорот во собранието помина без присуство на опозицијата , а ВМРО ДПМНЕ и вчера и денеска го потврди својот став дека договорот е штетен за земјата бидејќи е асиметричен а Македонија се обврзува со него да отстапи од повеќе досегашни позиции кои ги имаше во односите со Бугарија.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.