Евровизиски скандал: Хрватската песна потсетува на нумера од „Фроузен“

06.03.2017 | 15:06
Прочитано: 5094

Кон крајот на минтата недела Хрватска ја промовираше песната што ќе ја претставува земјата на овогодшниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев.

Станува збор за нумерата „My Friend“ во изведба на популарниот хрватски пејач Жак Худек.

Меѓутоа, како што јави загрепскиот портал Индекс, веднаш по промоцијата на песната, многумина корисници на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека нуемара „им е позната од некаде“ и дека „веќе ја слушнале“. 

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека песната „My Friend“ на Худек „многу потсетува“ и е „евидентно слична“ со нумера од анимираниот филм „Фроузен“ на „Дизни“.

Злобниците одат и дотаму што наоѓаат сличност и во текстот, наведувајќи дека Худек пее „Don't Let Go“, а во филмот Елза пее „Let Go“. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.