Facebook Messenger доби Apple Music интеграција

07.10.2017 | 13:39
Прочитано: 1111

Социјалната мрежа Facebook најави нова интеграција на Apple Music за својата апликација Messenger, која ќе ви овозможи да слушате песни директно во услугата за пораки на социјалната мрежа.

Ова, се разбира, е можно само ако сте платиле претплата на Apple Music. Ако не сте претплатник, сè уште можете да пуштате и да споделувате фрагменти до 30. секунди.

Можете да добиете достап до Apple Music преку Messenger со кликнување на знакот повеќе (+) и избирање на екстензијата на Apple Music. Можете исто така да комуницирате со Apple Music бот, како од десктоп компјутерите, така и од мобилните уреди.

Од Facebook велат дека ако му испратите емотикон на ботот, ќе ви понуди нова плејлиста врз основа на типот на емоција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.