ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп

11.01.2017 | 12:03
Прочитано: 2136

Руски хакери, кои се обидувале да упаднат во американските претседателски избори, не го хакирале тимот на националната кампања на Доналд Трамп, изјави шефот на ФБИ, Џејмс Коми.

Пред разузнавачкиот одбор на Сенатот тој рече дека Русите упаднале во компјутери на кампањата на Трамп на локално и ниво на држави, но не и на национално ниво.

„Немаме никакви податоци дека кампањата на Трамп е хакирана на национално ниво“, изјави Коми.

Според него, Руси дошле до податоци на Републиканската партија, но „се работи за електронски адреси што веќе не се во употреба“. Коми додаде дека се „собрани податоци кои се минато и не се објавени“.

Американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија поради кампања за поткопување на американскиот изборен процес со цел зголемување на изгледите на републиканскиот милијардер Доналд Трамп.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.