Федерер продолжува во извонредна форма, по петти пат го освои Индијан Велс

20.03.2017 | 11:12
Прочитано: 1777

Швајцарецот Роже Федерер го красат извонредни игри во оваа година во која продолжува со освојување на трофеи. По Австралија опен, тој вчера се закити и со пехарот во Индијан Велс. За него 90-ти во кариерата, 25-та мастерс титула, а во исто време и највозрасен теинсер кој триумфирал на мастерс турнир, со свои 35 години.

Во финалето на Индијан Велс го победи Станислав Вавринка со 2-0 во сетови за потврда на својата форма. Го освои првиот сет со 6-4, Вавринка му го одзема сервисот на стартот на вториот сет, но Швајцарецот израмни на 3-3 и со конечни 7-5 го освои и вториот сет.

На најновата АТП листа, се искачи на шестата позиција, а во пресрет на следните турнири, на кој нема да настапат Новак Ѓоковиќ и Енди Мари, тој би можел да се искачи повисоко, со евентуален успех.

Елена Веснина ја освои највредната титула во досегашната своја кариера во која има три трофеи од ВТА турнирите. Славеше во финалето на ВТА турнирот во Индијан Велс против сонародничката Светлана Кузнецова, во исцрпувачки меч во нешто помалку од три часа, со 6-7,7-5,6-4.


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.