Фејсбук: Барањата за давање податоци за кориснички профили зголемени за 27 отсто

22.12.2016 | 10:42
Прочитано: 2808

Компанијата Фејсбук вчера соопшти дека во првата половина на 2016 година имаат за 27 отсто повеќе барања од државните власти за давање на податоци за корисничките профили во однос на второто полугодие од 2015 година.

На прво место се американските правосудни органи, пренесоа британските медиуми.

Барањата од државните власти за давање на податоците за корисничките профили во светски рамки достигнале 59.229 од доскорешните 46. 710 и над половината од нив соддржеле наредби до социјалната мрежа за тоа да не ги информира своите корисници.

Барањата за ограничување на содржината се намалиле за 83 проценти споредбено со второто полугодие од 2015 година, посочи Фејсбук во објавен блог.

Париските атентати од ноември минатата година го зголемиле бројот на јавувања за ограничување на содржината.

Фејсбук за првпат изнесе информации и за присуство на барања од државните власти за чување важна информација за некои кориснички профили.

Компанијата добила 38.675 такви изјави за 67. 129 профила. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.