Фејсбук конечно ја воведува опцијата „дислајк“

06.03.2017 | 09:52
Прочитано: 4479

Најпопуларната социјална мрежа во светот Фејсбук започна со тестирање на опцијата „дислајк“, која сепак нема да биде можна на статусите и објавите, туку само во месинџерот.

Како што објави „ТекКранч“, во иднина во текот на разговорот на чет, корисниците на Фејсбук ќе може со курсерот на глувчето да минат преку добиената содржина, при што ќе им се отвори екран со реакции, меѓу кои ќе има и „палец надолу“, односно „дислајк“.   

Извори во Фејсбук соопштија дека оваа опција веќе била тестирана кај некои корисници и дека реакциите засега се позитивни.

Поголем број корисници на оваа социјална мрежа веќе со години бараат воведување на опцијата „дислајк“ на објавите, но Фејсбук одбива да го стори тоа сметајќи дека „ќе резултира со преголема негативност“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.