Фејсбук работи на опција за спречување самоубиства

02.03.2017 | 10:18
Прочитано: 1001

Фејсбук најави нова алатка за  превенција на самоубиства, вклучувајќи и нова опција  со која корисниците ќе можат да пријават лица кои статуси или пак преку пренос во живо (Фејсбук лајв) се закануваат дека ќе си го одземат животот.

Тоа ќе функционира така што неговите пријатели кои ќе го забележат неговото необично однесување, ќе можат веднаш да го пријават до Фејсбук, а оттаму со итна дојава до надлежните органи да се обидат навреме да го спречат самоубиството.

Во опциите за пријава ќе стои и телефонски број за итна помош при вакви случаи. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.