Фејсбук воведе детектор за лажни вести

10.04.2017 | 11:09
Прочитано: 2222

Фејсбук воведе нова опција која на корисниците ќе им овозоможи да ги препознаат лажните вести и погрешните информации кои се шират на оваа социјална мрежа. Овој детектор од пред неколку дена е достапен за корисниците во 14 земји, меѓу кои во САД, Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Филипини, Тајван и Бразил, а наскоро треба да се воведе и во остатокот од светот.

Оваа алатка ќе биде известување кое ќе се појавува во текот на неколку дена. Кликот на него, корисниците ќе ги однесе на страна со совети и други информации поврзани со тоа како да препознаете лажни вести. Некои од советите кои ќе им ги дава на корисниците оваа мрежа, се внимателно да ја разгледаат адресата на интернет страницата со совети и други информации поврзани со тоа како да ги препознаат лажните вести и што да направат во врска со тоа.

Новата опција е дел од планот на Фејсбук да го запре ширењето на лажни вести, во што, со своите повеќе од милијарди корисници одигра значајна улога.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.