Фетел победник во Бразил на претпоследната трка во Ф1

12.11.2017 | 20:59
Прочитано: 1099

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло, за Голема награда на Бразил во претпоследната трка сезонава во Формула 1.

Себастијан Фетел до четвртиот сезонски триумф дојде уште по првиот свиок, кога успеа да го претекне Валтери Ботас, кој стартуваше од пол-позицијата и до крајот на трката не му дозволи да ја врати предноста. За 2.7 секунди Фетел беше побрз од Ботас, а со 4.6 секунди задоцнување трет низ целта мина неговиот клупски колега од Мерцедес, Кими Раиконен. Финецот успеа да го одбрани третото место од нападите на светскиот шампион Луис Хамилтон, кој имаше само осум десетнки заостаток на четвртата позиција.
Бодови освоија уште и Макс Верстапен, Даниел Рикиардо, Фелипе Маса, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Нико Хулкенберг.

Сезоната 2017 ќе заврши на 26 ноември кога ќе се вози трката на патеката „Јас Марин“ за Големата награда на Абу Даби.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.