Филип Петровски на распит во ОЈО

20.03.2017 | 18:50
Прочитано: 7899
Директорот на Државниот архив Филип Петровски денеска беше повикан во Основното јавно обвинителство поради кривична пријава поднесена против него иницирана од објава на социјаната мрежа „Твитер“. Станува звор за твитот во кој Петровски наведува:
 
„Доаѓа Ќосето вечер. Има пискотници да се слушаат. Две ипол години го малтретирате цел народ. На врата ќе ви ѕвони.
 
„Вие добро знаете дека „Твитер“ е мрежа каде што се објавуваат лични ставови, „Твитер“ е мрежа каде што активистите на Сорос и СДСМ имаат многу недолични ставови и никој не бил гонет на ваков начин од проста причина што ние сме демократија и секој има право да се изрази како сака и со тоа може да придобие или да ги изгуби симпатиите. На овој начин они се покажаа дека организациите кои ги имаат под контрола и тогаш институциите кои ги имале под контрола ги користат како алатки за спрега со цел да го поттиснат јавното мислење кое на нив не им одговара“ - рече Петровски по распитот. 
 
Од Обвинителството за Телевизија 24 потврдуваат дека е отворена предистражна постапка во рамките на која е повикан Петровски. Она што во овој момент ОЈО Скопје може да го соопшти е дека се работи за пријава од Хелсиншкиот комитет спроведена преку МВР до обвинителството. Пријавата се однесува на предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. 
 
Од Хелсиншки наведуваат дека тие ги следат социјалните мрежи и за секоја објава во која има елементи на говор на омраза поднесуваат пријава за настан до Одделението за компјутерски криминал на МВР. Од таму додаваат дека и во иднина ќе продолжат со ваквите активности. 

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.