Финансии и транспорт и врски задолжени за решавање на состојбата во МЖ транспорт

05.08.2017 | 11:58
Прочитано: 1624

Владата на синоќешната седница исто така ги разгледа и извештаите на Македонски железници за работењето во првиот квартал од оваа година, а на посебна точка на седницата беше барањето на Македонски железници, владата да донесе одлука за доделување финансиска помош за ова акционерско друштво за подобрување на финансиската состојба и покривање на загубите до крајот на годината.

Како што стои во сооптшение од владината прес служба, владата им препорача на министерствата за транспорт и врски и за финансии, заедно со Македонски железници  да изнајдат решение за трајно надминување на финансиската состојба во петпријатието и покривање на загубите.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.