Фирми и поединци и должат 200 милиони евра на УЈП

11.09.2017 | 14:30
Прочитано: 1830

Долгот на фирмите и поединците кон државата достигна 200 милиони евра, покажа последната листа на Управата за јавни приходи. По основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини најголем долг има „Отекс“ Охрид со над 12 милиони евра. ЈП „Македонија пат“ и натаму должи 7,5 милиони евра.

На листата се наоѓаат и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар.

Македоската опера и балет (МОБ) на државата за неплатен данок и должи околу 33.000 евра. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура дел од Македонските железници пак 760.000 евра за неплатени даноци.

Компанијата Медиа принт Македонија (МПМ) која на почетокот на годинава отиде под стечај на државата за неплатени даноци и должи на државата 86 илјади евра.

На листата се и неколку телевизии меѓу кои најголем долг има Македонската радио телевизија со долг од 1,7 милиони евра. Телевизија Алфа, пак, по основ на неплатени даноци на државата и должи околу 100.000 евра. ТВ Нова има долг од околу 19.000 евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.