ФОН со титула почесен доктор за Влатко Стефановски

15.06.2017 | 18:11
Прочитано: 16485
Со титула почесен доктор на науки денеска се закити човекот кој е вистински амбасадор на Македонија кога се работи за музиката- Влатко Стефановски. 
 
Титулата му беше доделена од страна на Универзитетот ФОН, кој вакви почесни признанија им доделува на луѓе кои имаат големи достигнувања во областа во која работат. 
 
„Неговиот придонес во музиката може да се дефинира како бележник на долг и значаен период на постоењето на Макеоднија. Тој ги исполнува условите од член 144 став 2 од закнот за високо образование за доделување на титула почесен доктор на науки“, изјави Марија Ветеровска Трпковска, декан на ФОН.
 
Големиот виртуоз во музиката оваа почесна титула ја добива по втор пат, првиот пат пред десет години од Универзитетот св. Кирил и Методиј, но како и тогаш и сега видно возбуден со скромност која ја имаат само вистински големи луѓе.
 
„Не сакам да бидам лажно скромен, туку упорен во она што го работам. Кои се ефектите од мојата работа, тоа никогаш не можам да го согледам, до каде стига мојата работа За ова признание не може да аплицират“, изјави Влатко Стефановски, музичар.
 
Влатко Стефановски ќе биде и дел од вечерашното 6-то издание на проектот Фабрика на знаење во организација на Универзитетот ФОН. 
 
„157 студенти, 34 професои ќе ги искажат свопите ставовои и мислење за специјалната болница „Филип Втори, за „Виталија“, за осигурителната компанија „Еуросиг“, за „Попова кула„ и Музејот на современа уметност.“, изјави проф. д-р Мирко Трипуноски, координатор на Фабрика на знаење при ФОН.
 
Фабрика на знаење вечерва ќе ги обедини културата, образованието и стопанството.

Зорица Андреева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.