Фридом хаус: Се повеќе влади манипулираат со социјалните медиуми и интернетот

14.11.2017 | 11:50
Прочитано: 323

Организацијата „Фридом хаус“ изразува загриженост поради тоа што се повеќе држави го следат примерот на Русија и на Кина во манипулација на социјалните мрежи и следење на противниците на интернет. Според студијата за слобода на интернетот што го спроведе оваа организација во 65 земји, владите на 30 земји манипулирале со интернет во 2017, додека во претходната година бројот на држави бил за седум помалку.

Овие манипулации, според истражувањата за „слободата на интернет“, вклучуваат користење платени коментатори, тролови, ботови или лажни информативни сајтови. Овие тактички манипулации и објавување дезинформации на интернет имале значајна улога за време на изборите во најмалку 18 држави, вклучувајќи ги и САД.

Кина и натаму е на врвот на земјите кои манипулираат со интернет поради цензура, борбата против анонимноста и затворање дисиденти кои се активни на интернет.

„Употребата на платените коментатори и политичките ботови за ширење владина пропаганда беше промовирана од Кина и Русија, но сега стана глобална. Ефектите врз демократијата и граѓанскиот активизам од овие техники кои многу брзо се шират, се потенцијално катастрофални“, вели Мајкл Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

Директорката на проектот „Слобода на Интернет“ Сања Кели објаснува дека таквите манипулации често се тешки за откривање и уште потешки за борба со нив, за разлика од другите видови цензура, како што се блокирање веб-страници.

Влади на 14 земји ја ограничиле интернет слободата со цел спротивставување со манипулативни содржини.

Анкара ангажирала дури 6 илјади луѓе од владејачката партија за борба против владините опоненти на социјалните мрежи. Украинските власти, пак, ги блокираа сервисите од Русија, откако руски агенти ги преплавија социјалните мрежи со фабрикувани содржини кои го поддржуваат Кремљ.

Организацијата соопшти дека 2017 година е седма година по ред која ја карактеризира целокупен пад на слободата на интернет.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.