Фудбалски спектакл - еуфорија и кај „кралевите и кај ѓаволите“

08.08.2017 | 23:09
Прочитано: 4565

Додека црвените ѓаволи и кралевите си ги мереа  силите под рефлекторите на скопскиот стадион, кафулињата во центарот на градот исполнети до последно место. Оние што останаа без карта со внимание го следеа преносот на видео бимовите на летните тераси. Секој навива за својот фаворит, а секој гол проследен со извикувања и возбуда.

Со навивачки песни, возбуда и развеани знамиња, вака фановите на Реал навиваа во нивната фан зона.

Навивачите за кралскиот тим уште пред да стартува натпреварот убедени дека ќе слават победа.

„Победа од 4:0 минимум и да го „изгазиме“ Манчестер најмалку“
„Жесток ќе биде натпреварот, тешка утакмица, двајца гиганти се борат“, велат дел од анкетираните.

Еуфоријата не беше помала и во фан зоната на црвените ѓаволи.

На победа типуваа и фановите на Манчестер. Сигурни  дека трофејот ќезаврши во Англија.

„Многу ѕвезди вечерва тука. Двата најдобри фудбалски клубови ќе се соочат. Манчестер Јунајтед најдобриот, а Реал вториот најдобар клуб“, велат дел од анкетираните.

Скопските горештини не им пречеа на илјадниците фанови и љубители на фудбалот. Англичани, Шпанци, Хрвати, Бугари, Срби, луѓе од целиот свет го запоседнаа главниот град. Фудбалот уште еднаш ги спои сите националности, а Скопје го претвори во град на мултикултурализмот.
Скопје во фокусот на вниманието на светската фудбалска јавност. Преносот од натпреварот го следЕА  над една милијарда гледачи во 250 земји ширум светот во исчекување кој ќе го однесе овогодишниот трофеј на УЕФА Суперкупот.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.