Гарет: Владите да не го злоупотребуваат јавниот интерес

30.09.2015 | 16:51
Прочитано: 1166

Чиј интерес е со години да се крие бројот на вработени во јавната администрација, колку изнесува јавниот долг, колку пари се потрошени за привлекување странски инвестиции или зошто се градат Панорамски тркала наместо болници и училишта? 

Ова се дел од прашањата кои беа отворени на дебатата за заштита на јавниот интерес и злоупотребата на граѓаните. 

Секоја Влада која не дава одговори на прашањата за што се трошат народни пари и која не дава отчет пред граѓаните, таа не го почитува јавниот интерес, порача британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

За дел од новинарите, пак јавниот интерес последниве години се почесто се поистоветува со партискиот, а медиумите, како што велат,  наместо да бидат коректор, тие се апологети на власта.

И во изминатиов период експерите многу пати предупредуваа дека се занемарува јавниот интерес, особено во услови на политичката криза, кога дел од медиумите одлучија воопшто да не ги емитуваат т.н. бомби на опозицијата за наводи за криминал и корупција во власта.


Галена Николовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.