Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан

17.02.2017 | 13:05
Прочитано: 15622
Геолози востановија дека ноовооткриеното копно што се наоѓа во Тихиот Океан, во близина на Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија, јави „Дејли Мејл“.
 
Единаесет геолози од Нов Зеланд, Нова Каледонија и Австралија во својот научен труд насловен како „Зеландија: Скриениот континент на Земјата“ тврдат дека копното „ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент“, иако 94 проценти од внатрешноста на самата површина е под вода.
 
Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 милиони квадратни километри, а се верува и дека тука се наоѓаат големи наоѓалишта на фосилни горива.
 
Инаку, називот Зеландија за првпат е употребен од геофизичарот Брус Лајендајк во 1995 година.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.