Германка го обвини Роман Полански дека ја силувал во 1972 година

04.10.2017 | 15:22
Прочитано: 1136

Германката Ренате Лангер поднесе тужба за силување против режисерот Роман Полански, кое тој наводно го извршил во 1972 година во швајцарскиот град Гштад.

Лангер (61) тврди дека молчела за силувањето од страна на Полански (84), затоа што не сакала да ги трауматизира своите родители. По нивната смрт, Лангер решила да го објави настанот.

Таа работела како манекенка во Минхен во 1972 година кога Полански ја поканил на средба тогаш малолетната Германка, ветувајќи и дека ќе и обезбеди улога во филм. Полански ја одвел во вила во швајцарскиот град каде што наводно ја силувал.

Полански беше принуден да побегне од САД во 1978 година поради обвинение дека ја силувал тогаш 13-годишната Саманта Гејмер. Како француски државјанин, Полански е заштитен од екстрадиција во САД. Режисерот беше во брак со актерката Шерон Тејт, која беше брутално убиена во 1969 година од страна на бандата на Чарлс Менсон.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.