Германските бизнисмени во земјава стручно ќе ги образуваат македонските кадри

13.09.2017 | 17:50
Прочитано: 1112

Недостасуваат стручни работници, поевтини и долгорочни камати за стопанството, субвенции за транспортната фела и олеснување за ЦЕМТ дозволите.

На ова се пожалија претставаниците на компаниите членки на Македонско-Германското здружение пред власта на денешниот заеднички ручек. Тие прашаа зошто плаќаат фирмарина и дупли давачки на локалната самоуправа. Но сепак, пред премиерот рекоа дека се оптимистички расположени и ќе инвестираат во образованието на работниците.

„Контактираме со надлежните министерство за развој  на образованието и работиме на донесување на обичувачи во Македонија кои ќе водат обука во претпријатијата. Сакаме да инвестираме во персоналот.“ - вели Патрик Мартенс, директор на Германската стопанска комора во Македонија.

Новата Влада има еднаков третман кон домашните и кон странските инвеститори, рече Заев и најави дека утре ќе објави сет на мерки за развој на економијата. Владата ќе им помага на постоечките компании, кои веќе почнале бизнис во Македонија, а не само оние што допрва ќе инвестираат.

„Како ќе им помагаме по неколку критериуми, извозот во делот на платите, консумација на домашни суровини и сето тоа е на основа на разултат. Ако вашата компанија лани покажала добивка од 200 000 евра, следната сметка со зголемена добивка донесете ја , веднаш ви следува поддршка во пари од државата.“ - изјави премиерот Заев.

На настанот присуствуваат над 150 претставници на компании членови на Здружението. Германските инвеститори во Македонија вработуваат повеќе од 15 илјади лица.


 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.