Гевгелија пред референдум за изградба на рудник за злато

20.04.2017 | 18:47
Прочитано: 2975
Партијата Левица, рудниците на Кожуф Гевгелија ги нарече проект на смртта. Тие предупредуваат за штетноста од отварање на рудниците. Гевгеличани во недела на референдум ке се изјаснуваат дали се за или против рудницина планината Кожуф.
 
Во пресрет на престојниот референдум на кој гевгеличани ќе се изјаснуваат дали се за или против изградба на рудници за злато на планинат Кожуф, партијата Левица  тврди дека станува збор за проект на смртта. Тие ги предупредија гевгеличани дека доколку се отворат рудници ќе биде уништени околу 4000 хектари букова шума а земјата трајно ќе биде со отрови.
 
Во Гевгелија веќе две недели тече кампањата на граганската иницијатива Спас за Гевгелија кои се против доделување концесија за експлоатација на злато од Кожуф. За нив последиците од овој проект ке бидат огромни.
 
Канадските компании кои се заинтересирани за отварање рудници на Кожуф тврдат дека максимално ке се трудат на заштита на животната средина  а локалната зедница ке добие многу бенефити. Во недела околу 19.300 грагани ќе гласаат дали се за или против рудници за злато на Кожуф.

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.