Ѓорческа стана првата Македонка со победа на Гренслем турнир

12.01.2017 | 13:29
Прочитано: 2299

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло на  Австралија Опен 2017 испиша историја за македонскиот тенис.

Имено, 206-тата тенисерка на ВТА листата, Лина Ѓорческа стана првата Македонка која забележа победа на еден Гренслем турнир, откако во првото квалификациско коло во три сета беше подобра од Американката Саша Викери, 137-та тенисерка на ВТА листата. 

Ѓорческа првиот сет против 18-тата носителка го доби лесно и убедливо со 6-2. Во вториот  имаше предност и од 3-1, но сепак дозволи противничката да направи пресврт, па го загуби со 3-6. Во последниот трет сет со доминација во играта славеше со 6-3 за голема историска победа.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе се сретне со Унгарката Далма Галфи која е на 160. место на ВТА ранг листата.

 

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.