Го вратила внукот во болница бидејќи и бил грд

08.01.2017 | 13:00
Прочитано: 6875

Повозрасна жена од градот Санта Марта во Колумбија не сакала да го прифати внукот бидејќи е премногу грд.

Таа заедно со нејзината ќерка дошла во болницата каде се родило бебето  и барала од медицинскиот персонал да и го дадат „правото бебе“ наместо грдото.

„Госпоѓата тврдеше дека децата се заменети и оти е невозможно нејиниот внук да биде грд“, тврди медицинскиот персонал.

Лекарите ја убедувале бабата дека немало замена на бебињата по што таа разочарано се вратила дома.

„Бебето е здраво. Уште еднаш го прегледавме и ги испративме дома, а бабата ја упативме на психијатриско лекување“, истакнаа лекарите.

Според колумбиските медиуми, бебето е дома со своето семејство, а бабата редовно оди на терапии.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.