Големо невреме го погоди грчкиот остров Сими

14.11.2017 | 11:58
Прочитано: 1482

Ураганот наречен „Евридика" го погоди грчкиот остров Сими. Како резултат на лошите временски услови предизвикани од поројните дождови и грмотевици, надојдените води однесоа десетици автомобили во морето, а калта ги преплави улиците на островот.

Властите во земјата се во зголемена готовност. За нанесените штети е информиран и премиерот на земјата Алексис Ципрас.

На островот пристигна засилувања од противпожарната служба и крајбрежната стража, за да ги расчистуваат патиштата и да ја испумпаат водата. Грчките метеоролози предупредија дека на Грција и се заканува нов бран на лошо време.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.