Гонзалес ги врати Ристовски, Јоновски и Прибак во ракометната репрезентација

20.04.2017 | 13:15
Прочитано: 2402

Борко Ристовски, Немања Прибак и Ацо Јоновски се враќаат во националниот дрес за продолжението на квалификациите за Европското првенство во Хрватска.

Селекторот Раул Гонзалес го објави поширокиот список за двомечот со Исланд на 4 мај во Скопје и на 7 мај во Рејкјавик.

Шпанецот не експериментираше и ги вклучи сите ракометари кои досега дадоа значаен придонес за ракометната селекција. Камбек за голманот Борко Ристовски, одбраната повторно ќе ја чува Ацо Јоновски, а место има и за Немања Прибак, кој прикажува одлични партии во дресот на Бешикташ.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 1 мај, а интернационалците треба да се приклучат ден подоцна. Во првите два натпревари од квалификациите Македонија има победа над Украина и пораз од Чешка. 

Поширок список на повикани ракометари за двомечот со Исланд:

Борко Ристовски (Барселона)

Мартин Томовски (Металург)

Кирил Колев (Пелистер)

Никола Митревски (Бенфика)

Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор)

Немања Прибак (Бешикташ)

Жарко Пешевски (Металург)

Кирил Лазаров (Барселона) - капитен

Дејан Манасков (Рајн Некар Левен)

Гоце Ојлески (Одорхеи)

Гоце Георгиевски (ЦСМ Букурешт)

Стојанче Стоилов (Вардар)

Никола Марковски (Орошази)

Филип Лазаров (Темишвар)

Аце Јоновски (Бергишер)

Влатко Митков (Кремс)

Филип Талевски (Рајн Некар)

Филип Кузмановски (Металург)

Велко Маркоски (ППД Загреб)

Мартин Поповски (Вардар Јуниор)

Филип Миркуловски (Вецлар)

Марко Нелоски (Металург)

Мартин Велковски (Металург)

Никола Кoстески (Металург)

Горан Крстевски (Еурофарм Работник)

Дарко Димитревски (Борец)

Константин Петров (Металург)

Владо Недановски (Вардар Јуниор)


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.