Горивата поскапуваат за еден денар по литар

07.08.2017 | 13:27
Прочитано: 2413

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто.

Новата малопродажна цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 48 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,516 денари за килограм и ќе чини 24,197 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,89 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,97 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.