Град Скопје ќе купува електрични автобуси - една од мерките против загадувањето

17.12.2017 | 18:32
Прочитано: 6073

Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во 2018 година, со финансиска поддршка од Град Скопје, граѓаните ќе добијат субвенции при набавка на инвертери за затоплување, за што се обезбедени 160.000 евра.

За училиштата ќе се обезбедат околу 1,5 милиони евра за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади и околу 20.000 евра за опремување на училниците со прочистувачи на воздух.

Во склоп со буџетот за 2018-та година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 160.000 евра за кофинансирање на изработка на зелени покриви со соодветни институции.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.