Груевски дојде во Суд, обвинет бараше одложување, но судијката ја раздвои постапката

20.11.2017 | 11:13
Прочитано: 21143

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дојде во Кривичниот суд со десет минути задоцнување на рочиштетот за „нарачаните шамари“ за поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Седмообвинетиот Димче Крстев побара одложување на судењето поради нарушената здравствена состојба. Тој се пожали на третманот на полицијата која го приведе стражарно на денешното судење бидејќи отсуствуваше на претходните.

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара одвојување на постапката, кое судијката Татјана Михајлова го прифати.

Со Груевски обвинети се уште 14 лица, меѓу кои екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство, а Груевски е обвинет за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.