Груевски како премиер

19.05.2017 | 19:27
Прочитано: 30361
Владата во заминување продолжува со државнички функции и промоции, а дел од нив и натаму е претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 
 
Нему, министерот Владо Мисајловски му рефираше за новата зграда предвидена за министерството за транспорт и врски. Партискиот лидер се распрашуваше за квадратурата, како и градбите околу зградата. На нашето прашање во која фунција тој е дел од настанот, Груевски одби да коментира. 
 
„Дуплирање на просторот, целосна реконструкција, темели, целосно внатрешно и надворешно реновирање. Одлично.

- Веќе не сте премиер, зошто отворате зграда на министерство. Дали ќе се откажете од челната позиција во ВМРО ДПМНЕ?  - Ве молам, имам настан, ако може  да одиме“, изјави Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер.

 
Во период кога има нова мандатар и во полн ек се преговорите за нова Влада, сегашната во заминување секојдневно промовира проекти, а дел од тие промоции е и партискиот лидер Груевски. 
 
Инаку, Министерството за транспорт и врски не соопштува колку пари вкупно се потрошени за обнова на оваа зграда, но според јавно достапните податоци, досега се потрошени околу 5,7 милиони евра – сума  која ги надмина првичните проценики со нови анекси на договорот.  Вредноста на новата зграда, не сакаше да ја коментира ниту Мисајловски. Се знае дека и таа ќе биде во барок стил. 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.