Груевски не пријавил закани во МВР и нема да добие дополнителни 20 телохранители како што бараше

12.09.2017 | 17:40
Прочитано: 6279

Решавање на проблемот со масовното прислушување и организираниот криминал, како и корупцијата во полицијата – во фокусот на министерот Оливер Спасовки во првите 100 дена. Зајакнување на надзорот од страна на Собранието и воспоставување нови механизми за цивилна и експертска контрола врз Управата за безбедност и контаразузнавање се итните приоритети.

Против вработените во УБК кои учествувале во незаконското прислушкување веќе се покренати обвиненија, а министерот изрази увереност дека повеќе не се прислушува.

„Сакам да ја изразам мојата увереност, дека Управата за безбедност работи врз основа на залон и нема никаква злоупотреба на системот за прислушување. Јавноста треба да биде спокојна во дело на безбедност, а тоа беше гнездото каде се вршеа сите незаконски работи.“ - бели Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Наместо за луксуз на функционерите, парите од министерството ќе се трошат за набавка на униформи за полицајците, возила и опрема за станиците. Помеѓу реформите со кои се пофали Спасовски се најдоа глобалните закани како мигрантите и справувањетосо тероризмот. Спречување на трговијата со луѓе, како и подготовка на законите за заштитени сведоци, приватност и азил се дел од активностите на кои работело министерството за внатрешни работи. Јавноста сепак најзаинтересирана за бегалците Горан Грујевски и Бошковски.

„Не ги пушти МВР да избегаат, туку судот. Очигледно е дека тука има еден сплет на околности на поврзаности на јавното судство, обвинителството и поранешните структури кои дозволија бегање и за тоа се водат соодветни постапки и ќе дојдеме до други лица кои тоа го овозможиле.“ - вели Спасовски.

Во изминативе 100 дена 127 полициски службеници ја злоупотребиле должноста или несовесно работеле и за нив има соодветни мерки. Исто така, Спасовски рече дека повеќе нема началници со фалсификувани дипломи како и дипломирани стоматолози на началнички места. Инаку, министерот информираше дека не му се одобрени дополнителни телохранители на поранешниот премиер Никола Груевски. Службите во МВР оцениле дека не постојат закани по неговиот живот и поради тоа нема потреба од дополнително обезбедување. Спасовски денеска ја потврди информацијата која ја објави Тв 24 дека Никола Груевски никогаш не пријавил во МВР дека добива закани по неговиот или по животот на некој од неговото семејство.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.