Груевски, Пешевски, Јанакиески дојдоа во суд - судењето за „Траекторија“ одложено

06.12.2017 | 13:03
Прочитано: 2209

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, е одложено за 18 декември годинава.

Обвинетите во овој предмет - поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, денеска дојдоа во Кривичниот суд.

Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето. Сите обвинети денеска дојдоа во судот.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Кривичниот суд на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за овој случај и даде два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.