Груевски: Власта или не сака да го продаде мерцедесот или сака да го продаде на некој свој

12.02.2018 | 17:52
Прочитано: 9901

Осум бомби  за набавката на фамозниот мерцедес ќе бидат докази во судскиот процес Тенк, кој СЈО го води против екс премиерот Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и нејзиниот помошник за јавни набавки Ѓоко Поповски.

Обвинетите ги спореа прислушуваните разговори, надлежноста на СЈО и лиценците на вештаците кои според нив биле истечени, но судот ги отфрли сите нивни барања, освен едно.  По подолго преговарање  судијката Добрила Кацарска го одложи утрешното рочиште за да може Груевски да ја спреми одбраната за  в среда, за случајот  „Траекторија“. Груевски порача дека му закажуваат рочишта секој ден за да се дефокусира јавноста, оти власта го менува името.

„Ова е политички процес во кој судиите треба да одработат. И ме ставаат во судница затоа што Заев и Димитров го решаваат името и им треба да се збори за нешто друго.“ - изјави Никола Груевски.

 За драстично намалената вредност на мерцедесот, кој сега чини 234 илјади евра, а кој тој  го нарача  за 600 000 евра додека беше премиер,  преку Министерството за внатрешни ,Груевски вели дека власта повторно се служи со популизам.

„Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде.“ - изјави Груевски.

Груевски избегна да одговори  дали нарачувал масажери и телевизори за мерцедесот, единствениот одговор беше дека случајот „Тенк“ е политички монтиран.  Судскиот процес продолжува во петок, а во меѓувреме владата одлучува каква ќе биде судбината на блиндираниот мерцедес.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.