Хакери го презеле Твитер профилот на Сони и објавиле дека Бритни Спирс починала

27.12.2016 | 15:56
Прочитано: 2401

Твитер профилот на Сони Мјузик е хакиран, а хакерите објавиле неколку лажни вести, меѓу кои и дека познатата пејачка Бритни Спирс починала, соопшти денеска компанијата.

Медиуми веднаш почнаа да ги пренесуваат „твитовите“: „RIP @britneyspears", „#RIPBritney 1981-2016"...

Претставникот на Сони потврди дека профилот бил нападнат, како и дека тоа било набрзо поправено. Продукцијата и се извини на поп ѕвездата и нејзините фанови за вознемирувањето.

Твитер профилот на Сони Мјузик беше хакиран и во ноември 2014.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.