Хан доаѓа во Скопје - насоките за Заев и Груевски се веќе испратени

25.06.2017 | 19:51
Прочитано: 12586

Претстои напорен, но и кус период во кој новата влада ќе треба да ги имплементира итните реформски приоритети дадени уште пред две години од работната група на експертот Рајнхард Прибе. Во пресрет на посетата на Хан, Институтот за европска политика прецизно ги наведува областите во кои се потребни итни реформи како правосудството, следењето на комуникациите и независна контрола и очекува дека тие ќе бидат дел и од Акцискиот план на владата кој ќе им биде презентиран на европските претставници.  

„Она што е суштински да се забележи е дека во наредниот период ќе имаме локални избори и заедно со локалните избори временскиот период во кој владата треба да покаже некакви реформи е прилично краток и клучно ќе биде да се види во реалноста особено во поглавјето за правосудството во тој краток период да се покажат вистински резултати бидејќи таму реформите би траеле подолго од година дена. Во таа смисла во Акцискиот план ќе треба да видиме што ќе биде клучно ставено за имплементација во кус временски период“, вели Дарко Малиновски, Институт за европска политика.

Аналитичарите веруваат дека на „Илинденска“ 2 се подготвени да одговорат на задачите, а од опозицијата очекуваат поддршка. 

Тонски: Дарко Малиновски, Институт за европска политика

„Видовме дека и поранешниот премиер Никола Груевски имаше средба со Јоханес Хан каде што претпоставувам дека јасно му било предочено очекување дека опозицијата треба да даде поддршка за изполнување на итните реформски приоритети, а од друга страна ситуацијата во собранието ја доведува во некоја смисла, како и настаните од 27 април, конструктивноста на опозицијата меѓутоа треба да очекуваме дека ќе има конструктивен приод од сегашната опозиција затоа што тие се од значење за Македонија и за граѓаните, а понатаму и за пристапувањето кон ЕУ“, вели Малиновски.

„Не е потребно да има политичка волја само од страна на владејачката гарнитура туку политичката волја мислам дека е многу потребна да биде и од опозицијата. Ако некој 11 години се обидувал да го убедува ова население дека работи за ЕУ и за НАТО мислам дека сега е моментот да го покаже тоа“, вели Маргарита Цаца Николовска за 24 Анализа. 

Агендата за утрешниот ден е подготвена. Хан ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев, разговор со министерите задолжени за евроинтегративните процеси и ќе присуствува на тематската седница на Владата на која ќе биде презентиран Акцискиот план. Еврокомесарот ќе се сретне и со другите политички лидери. Во вторник пак, независната група на експерти предводена од Прибе треба да и помогне и да ја советува новата влада за прашањата на системското владеење на правото.

 

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.