Хан и тројца европратеници утре во Скопје

20.03.2017 | 14:02
Прочитано: 1110

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре треба да пристигнат во земјава за да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза.

Ова минатата недела го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според неа, еврокомесарот и европратениците ќе ја  повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Пред утрешната посета на земјава, Хан за виенски „Курир“ оценува дека ситуацијата во земјите од Западен Балкан и натаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно внатре во ЕУ. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.