Хан утре во Mакедонија, партиите со спротиставени ставови

21.03.2017 | 09:12
Прочитано: 2833
Иванов бара нови избори, Груевски да коалицира со Ахмети, Заев мандат за нова Влада и мирен трансфер на власта – ова е позициите кои што шефот на државата, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе му ги соопштат утре на еврокоемсарот за проширување Јоханес Хан и европратеничката тројка.
 
Аргументи дека очекуваат мирен трансфер на власта и мандат од Иванов на евокомесарот Хан ќе порачаат и идните коалициски партнери на СДСМ. 
 
Иванов ќе го пречека Хан во претседателскиот кабинет, но пораките ги прати уште  денеска од Будимпешта. Решението за политичката криза претседателот го гледа исто како и екс премиерот – во нови избори. Иванов во интервју за „Маѓар хирлап“  неопходен е и нов попис.
 
„Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период“, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
 
Претседателот да почне да се однесува како претседател, а не како портпарол на Груевски му порача од партијата на Зоран Заев. Оттаму велат дека еврокомесарот ќе го каже она што цела Европа им го порача на Груевски и на Иванов – дека нивното време е поминато. 
 
„Зошто ни се нови избори, тогаш на Иванов ќе му текне пак да не го даде мандатот. се доведуваме во апсурд. Имавме избори и граѓаните кажаад дека сакаат промени“ - изјави Петре Шилегов.
 
Груевски кој, пак, последен е на агендата на еврокомесарот, пред изјавата на Хан. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе најавија дека Груевски доаѓа со три барања на состанокот - осуда на т.н тиранска платформа, барање да се почитува принципот победник со победник воспоставен со мајскиот договор под покровителство на меѓународната заедница како и деблокада на евроинтеграциите. 
 
Од ДУИ без конкретни детали што очекуваат од еврокомесарот, но велат посетата е во насока на поместување на политичката криза.
 
„Конструктивна е улогата на Хан пред меѓународната заедница во текот на кризата и важно е во периодов кога имаме неразумни одлуки на Иванов. Тој притисок однадвор и одвнатре со одземање на сите аргументи со кои ги имаше како текст за донесување на таа неуставна одлука, ќе помогне да се деблокира целиот процес“ - изјави Бујар Османи. 
 
Хан во земјава доаѓа придружуван од пратеничката тројка, во петокот во интервју за „Дојче веле“ порача дека очекува демократски трансфер на власта, а потоа и спроведување на реформите од Прибе. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.