Хари Потер апсолутен победник на доделувањето на „Лоренс Оливие" наградите

10.04.2017 | 11:30
Прочитано: 1420

Пиесата за детето волшебник „Хари Потер и проколнатото дете" сношти собра рекорден број награди „Лоренс Оливие", меѓу кои и за најдобра нова пиеса.

Меѓу деветте награди се оние за сценографија, осветлување, звук, костими, најдобар режисер (Џон Тифани) и три награди за глума. Џејми Паркер ја освои статуетката за улогата на Хари Потер.

Приказната временски е сместена 19 години по онаа во последната книга на Џоу Роулинг. Во неа, фокусот е врз децата на Хари и неговите пријатели, како и нивните нови авантури во училиштето за магија и волшепство „Хогвартс".

За најдобар мјузикл беше проглесен „Денот на мрмотот". 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.