Херцеговците се највисоки луѓе на светот?

15.04.2017 | 11:06
Прочитано: 5846

Просечната висина на луѓето од Херцеговина е еднаква на просечната висина на луѓето од Холандија, земја која се наоѓа на прво место кога станува збор за висина на луѓето, покажува првиот детален извештај за висината на мажите во БиХ, пишува „klix.ba“.

Како што се наведува во извештајот, подготвен од организацијата „Ројал Сосаити“, просечната висина на Херцеговецот е 183,4 сантиметри.

Просечната висина на мажот во БиХ изнесува 181,2 сантиметра, а на мажот во Херцеговина е над тој просек. Во рамки на Херцеговина, на подрачјето на Требиње, просечната висина на мажите е 184,5 сантиметри.

„Херцеговина се наоѓа во јужниот дел на БиХ. Тоа подрачје е познато по исклучителната висина на телата на неговите жители, наведуваат авторите на извештајот.

„Овие резултати ќе ја надополнат празнината во антрополошкото истражување на Западен Балкан и ќе ги потврдат постарите извештаи дека населението на Динаридите се одликува со исклучителен физички раст, пишуваат авторите.

Според „klix.ba“, последен пат податоци од ваков вид се собрани кон крајот на 19. век, поточно во 1895 година. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.