Холивудски актер го повика Новак Ѓоковиќ на „двобој"

13.04.2017 | 11:30
Прочитано: 4946

Холивудската ѕвезда Хју Џекмен, кој инаку е голем фан на Новак Ѓоковиќ, го предизвика својот идол на „двобој“, објавувајќи негова фотографија на Фејсбук.

„Дали е некој за тенис? А, под „некој“, мислам на Новак Ѓоковиќ, напиша глумецот во придружниот коментар, додавајќи и „ознака“ со името на српскиот тенисер.

Инаку, тие двајца се и добри пријатели, а актерот неретко може да се види на трибините на тениските игралишта, каде заедно со својот колега Бен Стилер го бодрат својот миленик.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.