Хрватска го повлече контроверзниот правилник за инспекциска контрола

10.08.2017 | 14:22
Прочитано: 2661

Хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ денеска донесе одлука за повлекување на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошјето и зеленчукокт увезени од држави што не се членки на ЕУ, со кој цените на инспекциите беа зголемени за над 22 пати.

Ваквата одлука на Толушиќ уследи по жестоките реакции на земјите од западен Балкан кои директно беа погодени со ваката одлука на Хрватска донесена минатиот месец.

Со правилникот се предвидуваше цената за инсепкцискиот надзор да изнесува по 2.000 куни (270 евра) за секој вид на зеленчук или овошје, што во пракса значеше дека еден камион кој во Хрватска внесува пет различни видови на земјоделски производи ќе мораше за инспекцијата да плати 10.000 куни (1.350 евра).

Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот. Четирите земји побараа Хрватска да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во надминувањето на спорот. Тие најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за зголемување на цените на инспекциите, ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.