Хуманитарен тениски турнир

10.06.2017 | 18:02
Прочитано: 1604
Во духот на хуманоста Ротаракт Клуб Скопје во соработка со Еуроимпекс, Генералниот увозник на Peugeot за Македонија, денес организираа хуманитарен тениски турнир насловен „Ротаракт Опен 2017“. 
 
„Целта на овој хуманитарен тениски турнир е да се соберат средства кои ќе бидат наменети  за купување апарати за домаќинство за центарот за деца од улица „Шуто Оризари“. Ротаракт клуб – Скопје е граѓанска организација основана од млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години кои секоја недела се собираат со цел да разменат нови идеи, планираат активности и понуди за помош и поддршка на заедницата и унапредување на општеството“, изјави Стефан Перчинков, Претседателот на Ротаракт Клубот, Скопје.
 
„Еуроимпекс како успешна компанија во земјава и во регионот постојано се стреми кон остварување и вложување на развојот на своите вработени, но никогаш не изостанува и од грижата кон надворешно засегнатите страни како лицата на коишто им е потребна социјална и економска помош за кои, всушност, и се игра денес тенис и се донираат средства“, изјави Ана Николоска, маркетинг асистент во Еуроимпекс. 
 
Ова е трета година како Ротаракт клубот и Еуроимпекс заеднички учествуваат во оваа хуманитарна мисија , додека пак хуманитарните акции  од страна на Ротаракт клубот се организираат веќе 8 години. 
 

Зорица Андреева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.