И „ајфон“ има проблеми со батериите

11.02.2017 | 15:16
Прочитано: 6435

Производителите на мобилни телефони, и тоа оние најпознатите, ги зафати права епидемија на проблемите со батериите. По целосниот пропаст на најновиот модел на „Самсунг“  “галакси ноут 7“, предизвикан од експлодирањето на батериите, откриен е нов ист случај кај „ајфонот 6С“ на „Епл“.

Поради наглиот пад на напонот и изненадно гаснење на телефонот, американската компанија ќе повлече од пазарот во Обединетите Арапски Емирати, 88.000 уреди. 

На сите корисници на спорниот модел во оваа земја на Персискиот залив ќе им биде овозможено бесплатно даја заменат батеријата. Иако „Епл“ соопштува дека станува збор за мал број на апарати, произведени во Кина во септември и октомври 2015 година, не обелоденија колку вкупно телефони во светот се погодени со овие проблеми 

Компанијата вети дека замената на батериите ќе биде овозможена во сите случаи во рок од три години од септември и октомври 2015 година кога почна продажбата. Според процените на медиумите, трошокот за производителите би бил околу 80 долари по уред. 

„Епл“ уште од ноември минатата година објави дека постојат проблеми со батериите на „ајфонот“ модел „6С“, но дека не ја загрозуваат безбедноста на корисникот како што се случи со паметните телофони на „Самсунг“.

Производството и продажбата на овој модел на „Самсунг“ е запрено набрзо по лансирањето, поради голем број на случаи на прекумерно загревање и експлодирање на батериите.

Како што соопшти јужнокорејската фирма, по деталните проверки и ангажирања на неколку стотици експерти, утврдено беше дека проблемот е во недостатоците на батериите од два различни производители, но и во дизајнот на самиот уред, односно во малиот простор меѓу електоридите на батериите. Така компанијата наместо голема заработка, претрпе штета која се проценува на 17 милијарди долари.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.