И новиот закон за медиуми со нелогичности

24.09.2017 | 20:06
Прочитано: 1257

Новиот предлог - закон со кој се регулира работата на медиумите е скроен. Министерството за информатичко општество го стави на хартија, предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, но без да ги консултира сите засегнати страни во една поширока дебата. Главниот акцент е ставен на намалување на политичкото влијание. Сепак забележителни се нелогичности.

„Оператор кој реемитува програмски сервиси треба да обезбеди програмскиот пакет во кој задолжително треба да ги содржи програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис и задолжително да ги содржи програмските сервиси на домашните радиодифузери кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс“. - се вели во предлог - закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во вака предложениот текст стои дека кабелските оператори треба да ги реемитуваат петте националните телевизии, но нема обврска за сателитските и регионалните телевизии кои имаат своја програма. Некои од нив имаа и поголема гледаност и влијание и од дел од националните телевизии. За експертите, овој дел од законот е спорен и дискриминирачки.

Од Министерството за информатичко општество, останаа без конкретен одговор, дали со ваквиот член на предлог законот, практично, останатите телевизии кои не се национални сега се ставаат во нерамноправна положба. Неизвесно е и тоа дали ваквото решение е во склад со европските директиви. Постоечкиот Закон за медиуми е со европско знаменце, што значи дека и предложените измени треба да добијат позитивно мислење од Европската Комисија. Од Министерството тврдат дека се запазени насоките на ЕУ.

„Во предлог законот за изменување и дополнување на Законот на АВМУ, инкорпорирани се забележките на Прибе, и е во согласно со насоките на ЕУ“. - велат од министерство за информатичко општество.

Сепак од Владата додаваат дека текстот на законот е отворен за корекции и дека нелогичностите, доколку постојат може да се исправат.

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.