И во Охрид ќе има референдум против изградба на станови за мигранти

12.09.2017 | 18:05
Прочитано: 2079

 

Со 13 гласа ЗА, советот на општина Охрид одлучи и охриѓани на 15 ти октомври на референдум да се изјаснат дали се за или против наводно вдомување мигранти во специјални кампови и станови во охридско.На одлуката и претстоеше бурна расправа, довикувања и обвинувања. Иницијаторите за референдумот советниците од ВМРО ДПМНЕ ги обвинија колегите од СДСМ дека сакале да го претворат Охрид во бегалски камп, а тие пак возвратија дека Дпмне шири беспотребна параноја , страв кај граѓаните со цел да ги дефокусира од вистинските проблеми со кои се соочува градот.

 

После неколкудневните одложувања на денешната седница, 13 советници гласаа за, 2 беа воздржани а останатите воопшто не гласаа. И после недоумиците дали ќе има или не, туристичкиот центар влезе во групата на општини кои одлучија на денот на локалните избори освен за татко на градот, да гласаат за или против стратегијата за доселување мигранти.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.