И во Велес ќе има референдум против изградба на станови за мигранти

12.09.2017 | 12:16
Прочитано: 961

Со 12 гласа „за“ и 8 „воздржани“ Советот на општина Велес ја донесе одлуката за распишување на референдум на локално ниво, вака гласи одлуката на Советот на општина Велес која што ја донесе доцна синоќа. Референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за изградба на станови за беглаците ќе одржи на 15 октомври заедно  со локалните избори.  По петчасовна дискусија – советниците од мнозинството, предводено од ВМРО ДПМНЕ не ги прифати аргументите на советниците од СДСМ кои посочија дека референдумот е апсурден и дека се користи за да се одвлече вниманието на гласачите од вистинските теми. За ВМРО ДПМНЕ, прашањето со интеграција на бегалците во нашето општество е многу важно и за него треба да одлучат граѓаните.

„Изјаснувањето за проблемот со бегалците не би требало да зависи од тоа, да биде условен од тоа дали Македонија ќе стане членка на ЕУ  или не, во смисла на мислењето на граѓаните и да бидам поконкретен и неколку членки на ЕУ, Полска, Словачка најавија токму во нивните држави референдуми за изјаснување на истото прашање“, вели Александар Колев – претседател на Советот на општина Велес.

Советниците од СДСМ поднесоа амандман со кои побараа референдумот да се одржи една недела пред локалните избори, но мнозинството не го прифати. За власта, со одржувањето на референдумот заедно со локалните избори ќе се заштедело два милиони денари. Од велешкиот огранок на СДСМ за денеска најавија став по прашањето за референдумот.

Освен Велес, референдуми на ист ден ќе има и во повеќе градови, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ и покрај тврдењата на СДСМ дека ниту има намера да гради, ниту пак се бараат локации. Аналитичарите ова го протолкуваа како обид на опозицијата да изнесе што повеќе гласачи на избори, со непостоечка тема.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.