Игор Jуг: Mожев со раце да го удавам било кој пратеник, ако сакав

13.09.2017 | 17:14
Прочитано: 19119

Игор Југ, човек кој е посочен дека носел пиштол за време на настаните во собранието и кој според српскиот разузнувач Живаљевиќ требал да го убие Зоран Заев, се огласи на својот Фејсбук профил. Тој демантира дека сакал да го убие Заев и порачува.

Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!“

Од МВР велат дека Игор Југ е еден од осомничените за собранието на кои им е одреден притвор и дека се наоѓа во бегство. Вистинска бомба во јавноста предизвика изјавата на Живаљевиќ за планот за ликвидација на Заев, и неговото тврдење дека со приказната за него никој во Македонија не зборува за вистинските нарачатели на нападот.

„На тие фотографии, на кои тие луѓе влетуваат со маски и го тепаат Заев, има и чивек со амблем  на Хрватските вооружени сили Игор Југ и ако ја гледате снимката се гледа деката раката ја држи зад грб. по некои информациии, тоа е човекот кој требало да го убие Заев. Не видов дали во македонските медиуми пишуваше дека тој човек е уапсен“ - изјави Горан Живаљевиќ, БИА.

Од кабинетот на претседателот Иванов за телевизија 24 објаснуваат дека иако Живаљевиќ повторно се повика советникот за безбедност Синиша Алексовски, неговите тврдења се нелогични бидејќи и самиот признава дека прво влегол во собранието па после контактирал со Алексовски, кој според закон и не е надлежен да даде таква дозвола. Второ од кабинетот посочуваат дека сега Живаљевиќ со тврдењето дека добил задача да влезе од српската амбасадорка и Белград дал спротивна изјава од српскиот премиер Вучиќ кој кажа дека тие не го пратиле разузнувачот во собранието. Од Јавното обвинителство велат дека истрагата за настаните во собранието и меѓу другото улогите на Живаљевиќ и Алексовски трае но дека во офаа фаза не можат да соопштат детаљи.



Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.