Името ќе се стави на маса во септември?

22.07.2015 | 15:16
Прочитано: 1848

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вторникот во Брисел изјави дека се забележува придвижување околу спорот со името, изразувајќи надеж дека наесен ќе има дополнителен напредок. 

Тоа го актуализира прашањето дали техничка влада покрај сите одговорности за внатрешно средување на земјава со цел излез од политичката криза, би можела да се фокусира на решавање на билатералниот спор со соседна Грција. 

Македонија и Грција минатиот месец се согласија за пакет мерки за градење доверба меѓу двете земји. Решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје и тогаш се процени како тежок потег. 

Дипломатите порачуваа внатрешно средување пред фокусот да се стабилизира на надворешната политика на двете влади. 

Засега од Брисел нема конкретен одговор на прашањето дали владата на национално единство ќе биде искористена за решавање на спорот со името.

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак порача дека ЕУ сака да види напредок на ова поле, повикувајќи ги сите страни да го искористат постоечкиот механизам за преговори во Обединетите нации. 


Александар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.